Во тек се аранжманите за 11-ти Октомври - За повеќе информации обратете се преку нашиот контакт или директно во агенцијата. Ви благодариме.
11-ti-Oktomvri-2018 Leto-na-planina-2018 Leto-2018 Online-Avio-Bileti

Милано - 11-ти Октомври 2018

1 ден 10.10.2018 СКОПЈЕ – МИЛАНО

Состанок на групата во 12:30 часот и поаѓање за Милано во 13:00 часот на паркингот кај спортски центар „Борис Трајковски“. Дневно и ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија со попатни паузи за одмор и други царински формалности.

2 ден 11.10.2018 МИЛАНО

Пристигнување во Милано во предпладневните часови. Организиран разглед на градот: тврдината Сфорцеско, Piazza Duomo,централниот плоштад каде се наога најголемата готска катедрала во светот, Vittorio Emanuelle најдобрата шопинг улица, Oktogon, односно галеријата Vittorio Emanuelle каде се наоѓа 196м долг покриен премин со многубројни продавници кој води до зградата на Миланска опера една од најпознатите оперски куќи во светот……Слободно време за индивидуални прошетки.  Сместување во хотел. Ноќевање.

3 ден 12.10.2018 ЛУГАНО – КОМО

Појадок. После појадокот следи целодневен факултативен излет на Лугано, градче во Швајцарија, што лежи на брегот на езерото Лугано под Алпите. Поради добрите климатски услови, развиеното банкарство и понудата за богата забава, го нарекуваат “Швајцарско Монте Карло”. Посетата на Лугано дава можност за прошетка низ стариот дел на градот кој е претворен во пешачка зона со своите плоштади Piazza Ciochara, Piazza della Reforma, Катедралата San Lorenzo, големиот градски парк, еден од најубавите во Швајцарија Parco Civico… Прошетката продолжува со посета на монденското градче Комо кое се наоѓа на брегот на истоименото езеро, кое е трето по големина во Италија. Слободно време за индивидуални прошетки или факултативана можност за возење со брод по езерото. Во попладневните часови враќање во Милано. Слободно време за одмор или посета на надалеку познатите италијански ресторани и кафетерии кои со својата префинетост ќе ја направат вечерта пријатна и незаборавна (индивидуално со локален превоз). Враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 13.10.2018 МИЛАНО – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот напуштање на хотелот и заминување за Верона. Пристигање во Верона во пладневните часови. Разглед на градот со посета на куќата и гробот на Јулија, колосеумот, плоштадите Бра и Ебре. Слободно време за индивидуални прошетки. Во попладневните часови заминување за Скопје со попатна пауза за посета на популарниот аутлет шопинг центар McArthur Glen. Ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

5 ден 14.10.2018 СКОПЈЕ

Пристигање во Скопје во претпладневните часови.


ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:  169 €/ 10.470ден.

 

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус
  • Сместување во хотел со 3* – 2 НП (ноќевање со појадок) во Милано (околина)
  • Организиран разглед на Милано
  • Организиран разглед на Верона
  • Организација, реализација и придружник на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Факултативен излет на Лугано и Комо – 35€
  • Туристичка такса за ноќевање во Милано (3-5€ по ноќ, се плаќа во хотелот)
  • Влезници за културно-историските знаменитости
  • Индивидуални трошоци
  • Патничко осигурување –  5€

   Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програма

За овој аранжман важат Општите Услови на Патување на Т.А. Мерион Травел и СКТМ

За реализација на аранжманот и факултативните излети предвидени по програмата, потребени  се минимум од 45 патници

Оли Травел - Куманово
Слаткарница Зафир - Куманово
Ирски паб