Во тек се аранжманите за Нова Година и Зима 2017/18 - За повеќе информации обратете се преку нашиот контакт или директно во агенцијата. Ви благодариме.
Restoran-A2-Vranje-2018 Belgrad-Nova-Godina-2018-2 Nova-Godina-2018 Early-Booking-Zima-2017-2018 Online-Avio-Bileti

Прага - 11-ти Октомври 2017

1 ден 06.10.2017 СКОПЈЕ –ПРАГА

Состанок со групата во 14:30ч. на паркингот пред спортски центар Борис Трајковски и поаѓање за Прага во 15.00ч., преку Србија и Унгарија. Дневно и ноќно возење со попатни паузи и царински формалности.

2 ден 07.10.2017 ПРАГА

Пристигнување во Прага во попладневните часови. Сместување во хотел. Слободно попладне. Вечерта факултативно можност за крстарење по реката В’лтава или слободна вечер за индивидуални активности, прошетки, шопинг. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 08.10.2017 ПРАГА

Појадок. После појадокот, разглед на Стариот град со локален водич: Карловиот мост, плоштадот на Малтешките витези, споменикот на Карло IV, Кралскиот пат, Еврејскиот кварт, Париската улица, Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој, цркавата Лорето, Градската куќа, Прашната кула, Националниот музеј, дворецот Храдчани, катедралата Св. Вито….Слободно попладне и факултативна можност за крстарење по реката Влтава. Враќање во хотел во договорено време. Вечерта факултативна можност за посета на традиционален чешки ресторан. Во договорено време враќање во хотел. Ноќевање.

4 ден 09.10.2017 ПРАГА – КАРЛОВИ ВАРИ – ПРАГА

Појадок. После појадокот, факултативно заминување за Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија, град во кој ќе посакате да останете. Враќање во хотел. Ноќевање.

5 ден 10.10.2017 ПРАГА –  ВИЕНА – СКОПЈЕ

Појадок. После појадокот, напуштање на хотелот и поаѓање за Виена. Панорамски разглед на градот: плоштадот Рингштрасе, Операта, Парламентот, општината Ратхаус, Музејот на модерна уметност, градската палата, Универзитетот, Катедралата Св. Стефан, Зимскиот дворец Хофбург… Поаѓање за Скопје во попладневните часови. Попладневно и ноќно возење со попатни паузи за одмор и царински формалности.

6 ден 11.10.2017 СКОПЈЕ

Пристигнување во Скопје во утринските часови.

 

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 159€

 

Во цената на аранжманот е вклучено:

  • Превоз со високотуристички автобус на дадените дестинации
  • Сместување во хотел  3* во Прага – 3 НП (ноќевање + појадок)
  • Организиран разглед со локален водич Прага
  • Организиран разглед на Виена
  • Професионален лиценциран придружник за време на патувањето
  • Организација и реализација на патувањето

Во цената на аранжманот не е вклучено:

  • Крстарење по Влтава – 15€
  • Целодневна посета на Карлови Вари со локален водич – 25€ (мин. 30 лица за реализација)
  • Групно патничко осигурување без франшиза – 5€
  • Посета на традиционален чешки ресторан со готски игри и забава – 35€ (мин. 20 лица за реализација)
  • Индивидуални трошоци

Напомена: организаторот го задржува правото на промена на редоследот на активностите во програмата

За реализација на овој аранжман потребен е минимум од 45 патници

За ова патување важат општите услови на СКТМ и Т.А. Мерион Травел

 

Оли Травел - Куманово
Слаткарница Зафир - Куманово
Ирски паб