Истанбул – 2НП ( Хотел 4*) – Велигден

ТЕРМИН: 01 Maj 2024

1 ден 01.05.2024  СКОПЈЕ-ИСТАНБУЛ

Состанок на групата на спортски центар Борис Трајковски во 16:00ч. Тргнување во 16:30ч. Се патува преку граничниот премин Богородица  и низ Грција. За време на патувањето, водичот на групата ќе ја презентира програмата на патниците.Ноќно возење со попатни паузи.

2 ден 02.05.2024  ИСТАНБУЛ

Пристигнување во Истанбул во утринските часови.
Започнува магијата… Истанбул од 1001 ноќ…

ПАНОРАМСКИ РАЗГЛЕД НА ЕВРОПСКИ ИСТАНБУЛ

Панорамско разгледување на градот со автобус:  Аксарај, Лалели џамија, Универзитетот Бејазит, Римскиот Аквадукт, Бејоглу, Пера Палас хотелот (каде Агата Кристи го напишала светски познатиот роман Ориент Експрес), стадионот на  ФК Бешикташ, Галата мостот, Сулејманије џамијата, Новата џамија, Египетскиот пазар.

ТАКСИМ – плоштад на Европската страна со својата прочуена пешачка улица Истиклал, полна со многубројни бутици, шопинг центар, ресторани…

ДОЛМА БАXЧЕ ПАЛАТА:  Посета на најбогатата, најубавата и последната султанска палата, на брегот  на Босфор. Резиденција на Султаните од 1853 г. до 1922 г. Тука престојувал и починал  основачот на денешна модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Се посетува  Резиденционалниот дел од Палатата.

Сместување во хотел и кратка пауза за одмор.

БАЛАТ /ВСЕЛЕНСКАТА ПАТРИЈАРШИЈА/ кулата САФИР / ТАКСИМ:

Волшебно попладне: Одиме во живописниот кварт Балат, стара христијанска област која настанува по освојувањето на Истанбул од Султан Мехмед II Фатих. Прекрасни дрвени куќи во разни живописни бои, мали кафулиња. Улички каде се снимени повеќеТВ серии и филмови. Тука е сместена и Вселенската Патријаршија и старата Грчка гимназија. Ќе уживате во прошетката низ Балат.

САФИР – облакодер: Ве водиме до највисоката зграда во Европа, 236 м. Експресниот лифт ве искачува до  прекрасна тераса-видоковец, со спектакуларен поглед: Истанбул на дланка. Единствена можност да се вклучите во SkyRide -4D неверојатно доживување на симулација на лет со хелихоптер над Истанбул и културно историските споменици, неверојатно доживување.

Враќање во хотел. Ноќевање.

3 ден 03.05.2024  ИСТАНБУЛ 

Појадок.  Денот е предвиден за нови возбудливи посети и приказни од 1001 ноќ.

Претпладне:  

КРСТАРЕЊЕ ПО БОСФОР: Заминуваме на прекрасно и возбудливо крстарење по БОСФОР со приватен брод и водич: тврдината Румели Хисар, “Beyler beyi”  палатата… Ќе уживате во прекрасниот  поглед на раскошните палати на светски познатите политичари и бизнисмени ( Тансу Чилер…),  Kiskulesi (Моминската кула) , Султанската палата Чираган … палатите од Турските ТВ серии…

ОСМАНЛИСКИ И ВИЗАНТИСКИ: Панорамско разгледување на Историскиот кварт (пешачка зона), каде се сместени најубавите Византиски и Османлиски објекти, завиени со многу легенди и мистерии кои ќе ни ги пренесе нашиот локален водич : Цркавата Аја Софија, Сината Џамија, Топ Капи Сарајот, Хиподромот, Подземната цистерна, Палатата на Ибрахим Паша……магична прошетка која ве враќа во славното и бурно минато на Царскиот град. Враќање во хотел. Краток одмор.

Попладне: АЗИСКИ ИСТАНБУЛ: Посета на Азиската страна на Истанбул.

Кадикеј: некогашен Халкедон, место населено од Грците од Мегара уште во 685 г.п.н.е. Османлиите се присатни тука дури 100 години пред освојувањето на Константинопол. Денес важи за културен центар на Азискиот Истанбул. Прекрасна пешачка зона во центарот на градот со многу продавници, бутици, кафичи…

WATERGARDEN SQUARE MALL : Продолжуваме кон  најновиот монденски трговски центар во срцето на Аташехир, дел од Истанбул , на Азиската страна, отворен во 2017 г.

Еден нов стил на градба концентриран околу прекрасниот  базен со фонтани. Ексклузивна кореографија на играта на водата, светлоста, ласерот, музиката – огнено шоу. .. многу ресторани,  кафетерии, забавни паркови, кина… Во склопот на трговскиот центар се наоѓа огромен Аквариум со над 10.000 морски суштетства и тигар-ајкули.

Ускудар: едно од најважните турски населби уште од времето на Османлиите. Тука се наоѓа убавата џамија на Михримах Султан (ќерката на Сулејман Величенсвени и Хурем). Во непосредна близина на брегот на Ускудар  се наоѓа  Моминската кула.

Бејлербеј: прекрасно место покрај самиот Босфор. Место со многу рибни ресторани. Место каде се снимени бројни турски серии. Дом на Бејлербеји палатата.

Враќање во хотел преку Босфорскиот мост,  симболот на Истанбул – Ноќна панорама на Истанбул.

Ноќевање.

4 ден 04.05.2024  ИСТАНБУЛ  

Појадок.  По појадокот го сместуваме багажот во автобус. Магијата од 1001 ноќ продолжува.

КАПАЛИ ЧАРШИЈА: Слободно време (околу 1 час) за индивидуална прошетка низ Капали чаршија.

ПЈЕР ЛОТИ и заливот ЗЛАТЕН РОГ: Се возиме покрај брегот на Златниот Рог кој скоро завршува  кај едно панорамско возвишување наречено Пјер Лоти, според еден Француски поет. Со жичара се искачуваме до видиковецот. Можност да го испиете утринското Турско кафе направено на топол песок и пробате Ѓозлеме, уживајќи во прекрасната панорама на Истанбул под нас.

ФОРУМ:  Напуштајќи го Истанбул, го посетуваме големиот шопинг центар Форум. Во самиот центар се наоѓа и големиот Аквариум а во непосредна близина продавницата на Декатлон и Икеа. Слободно време за посета на аквариумот и шопинг. Во попладневните часови заминуваме за Скопје. Ноќно возење преку Грција.

Пристигнување во Скопје следниот ден (05.05.2024) во утринските часови.

ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 139 € / 8.620 ден.

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

  • Превоз со високотуристички автобус на релација Скопје – Истанбул – Скопје;
  • Сместување во хотел Grand Halic 4* – на Таксим  / 2 ноќевања со појадок;
  • Посета на Форум, Декатлон, Икеа;
  • Професионален туристички пратител на групата;
  • Професионален  локален туристички водич;

 ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети:
  • Задолжителен Панорамски разглед на европски Истанбул – 10€
  • Крстарење по Босфор – 20€
  • Историски Истанбул – 10€
  • Азиски Истанбул – 25€
  • Пјер Лоти и Златен Рог 10€
  • ЕВРОПСКИ ПАКЕТ: Балат + Сафир: 35 (со вклучени влезници )
  • АЗИСКИ ПАКЕТ: Азиски Истанбул + Крстарење+ГРАТИС Историски Истанбул: 40 
  • ИСТАНБУЛ КОМБО: Европски пакет + Азиски пакет + Пјер Лоти + панорамски разглед: 90  €
  • ИСТАНБУЛ FULL : Европски пакет + Азиски пакет + Пјер Лоти + панорамски разглед + Долма Бахче: 130
  • Долма Бахче сарајот со локален водич (Резиденционален дел вклучена влезница) – 45€
  • Туристичка такса 2 евра за целиот престој, по лице (се плаќа во агенција)
  • Патничко осигурување 200 мкд.
  • Доплата за еднокреветна соба : 3900 мкд
  • Организирани трансфери од Битола, Прилеп, Кавадарци, Неготино, Велес: 20€ (мин.6 лица)

НАПОМЕНА:

  • За реализација на програмата потребни се минимум 40 лица;
  • Плаќање во денарска противвредност 1 евро = 62 денари;
  • Агенцијата го задржува правото да го откаже патувањето 5 дена пред денот на поаѓање, во случај на недоволен бој на патници;
  • Пасошот мора да биде со важност мин. 6 месеци од денот на враќањето;
  • Сместувањето во автобусот е според датумот на уплатата,
    За избор на седиште по желба (освен првиот ред), се доплаќа 10 евра (по седиште);
  • Агенцијата го задржува правото за промена на излетите по денови и сатници.
  • Email
    info@meriontravel.com.mk
  • Phone
    +389 77 608 888
  • Address
    Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово

Leave a Reply

Recent Comments

    About Us

    Nulla vitae elit libero, a pharetra augue. Nulla vitae elit libero, a pharetra augue. Nulla vitae elit libero, a pharetra augue. Donec sed odio dui.

    ЛОКАЦИЈА