Куќа “Tzouli 1”- Јерисос

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Куќа “Tzouli1” се наоѓа на одлична местоположба, на само 80 метри од плажата. Капацитетите се над bakery ‘Julie’ (најдобрата пекара во местото), спроти caffe bar ‘Public’. Целата вила располага со вкупно 6 сместувачки единици (од кои 3 капацитети се во нашата понуда и сите се на 1-ви кат) :

1/5+1 дуплекс апартман број 1 – со 1 стандарден + 1 на извлекување и кревети на спрат (bunk) во една спална соба, 1+1 стандардни единечни кревети во друга спална соба и посебна дневна соба со одлична кујна и фотеља. Има 2 тераси: една поголема споена со дневна и едната спална и друга помала од другата спална соба. Терасите имаат лимитиран поглед море.

1/4 +1 апартман број 2 –  1+1 стандардни единечни кревети во спална и 1 стандарден +1 на извлекување и софа во дневна соба споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед на улица.

1/4 +2 апартман број 3 – 1+1 стандардни единечни кревети во спална како и 1 стандарден + 1 на извлекување и софа на пуштање во дневна споена со кујна. Од двете простории се излегува на заедничка голема тераса  со поглед кон двор.

Сите се опремени со постар, но пристоен мебел, сопствени тоалети, целосно опремени големи кујни, маси и столови на секоја тераса како и во секоја кујна внатре . Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Веднаш до вилата има паркинг (не е сопствен).

1. Вонсезонски цени

ТерминНоќевања1во и 2ро лице3. 4. и 5. лице
22/05-29/0577940
29/05-05/0679940
05/06-12/06711940
12/06-19/06715940
19/06-26/06717940
26/06-03/07719940

Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

2. Сезонски цени

ТерминНоќевања1/4+1 апартман1/4+2 апартман1/5+1 дуплекс
03/07 – 10/077479499539
10/07 – 17/077499519559
17/07 – 24/077519539579
24/07 – 31/077519539579
31/07 – 07/087519539579
07/08 – 14/087519539579
14/08 – 21/087519539579
21/08 – 28/087509529569

3. Вонсезонски цени

ТерминНоќевања1во и 2ро лице3. 4. и 5. лице
28/08-04/09719940
04/09-11/09715940
11/09-18/09711940
18/09-25/0978940
25/09-02/1077940

Задолжителна доплата за 3-то лице 40 евра во случај на резервација за 2 лица

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ. За сопствен превоз од редовната цена за прво и второ лице се намалува за 10 евра (620 денари).
  • Напомена: во апартман минимум сместување вонсезонски е 3 лица, 2 лица плаќаат полна цена, а задолжителна е доплата за трето лице по 40 евра (без разлика дали користат превоз).
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
    За возрасни 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 1.860 мкд. (30 евра)
                    За деца до 12 години 2.170 мкд. (35 евра) еден правец 1.550  мкд. (25 евра)
                    Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • Во студио / апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Тргнувањето од Куманово е во 02:45 часот наутро. Тргнувањето од Скопје е во 04:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 03:30 часот. Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување. Ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда за времето и местото.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • За уплата на две смени, одобруваме 10% попуст на втората смена. Напомена: понудата важи исклучиво за редовните цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст. Попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *