Кападокија – Магија и мистика / 08 Март АВИОН
€349,00Монументален компекс на чудесна убавина од 6 век п.н.е, во бел камен и бел вулкански пепел познат како “туф”, кој цели милениуми со помош на водата и ветрот се менувал и станал тоа што е денес – уникат и чудо на природата. Христијаните, народ без војска, барајќи засолниште од римските прогони, го наоѓаат под камените сводови на Кападокија каде изградиле 36 подземни градови и 600 цркви. Тие необични градби од камен ги нарекле “самовилски оџаци”, а името Кападокија на персиски значи “ земја на убави коњи”. Регионот Кападокија со фрапантна убавина на местата и историските знаменитости, претставува еден од најубавите пејзажи на светот. Чудесните карпи со необични форми ќе Ве воодушеват на прв поглед. .. a самиот поглед на овие необични структури остава мистичен и магичен впечаток… Во Кападокија живееле древни цивилизации – Хеленската, Римската, Христијанската и Исламската… Доживеј те ја магијата на Кападокија, земјата на самовили и убави коњи, пејзажи кои потсетуваат на површината на месечината… и бидете подготвени да видите “ Чуда невидени “
08, 15, 23, 28 МАРТ – 4 НОЌЕВАЊА
01 Ден: СКОПЈЕ – ИСТАНБУЛ – КАЈСЕРИ:
Состанок на групата на аеродром Александар Велики , Скопје во 16:40. Полетување на авионот за за Истанбул во 16:40. Слетување во Истанбулво л.в. Полетување на авионот за Кајсери во . Слетување во Кајсери во 01.00часот по локално време следниот ден. Трансфер до хотел. Ноќевање.
02–05 ден: ЃОРЕМЕ, КАПАДОКИЈА : Престој на база ноќевање со појадок или полупансион .
05 ден : ЃОРЕМЕ – КАЈСЕРИ – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ:
Полни со впечатоци, во договорено време според термин и лет поаѓаме кон Кајсери. Полетување на авионот од Кајсери за Истанбул во зависност од термин и лет. Слетување во Истанбул. Полетување на авионот за Скопје . Слетување на авионот во Скопје.
За време на престојот во Гореме – Кападокија, предвидовме бројни магични, возбудливи излети и доживувања кои никако не треба да се испуштат.
ЛЕТ СО БАЛОН: од платото на хотел ТУРИСТ 4*! Рано наутро пред волшебното изгрејсонце на Кападокија, можност за лет со балон над „самовилините оџаци„ на Кападокија. Оваа авантура никогаш нема да ја заборавите… уживајте во убавината и возбудата додека балонот нежно полетува. Слушајте го татнежот на печкаташто го загрева воздухот во балонот. Восхитувајте се на неверојатниот поглед на повеќе од 100 балониво лет, и секако…чудесното изгрејсонце. Во еден момент балонот ве издига до 1000 метри, поглед од кој ви застанува здивот. На крај на летот добивате сертификат за летање со балонот. Враќање во хотел.
*Секако и тие што нема да летаат, ќе имат возбудлива глетка на подготовка и полетување на балоните. *Летот на балоните трае 1 час, и зависи од временските услови (ветер, дожд, магла).
МАГИЧНА КАПАДОКИЈА: Замокот Учхисар: Почнуваме со панорамски поглед кон највисоката точка на Кападокија, со величенствен поглед на Ѓореме…
Долината на гулабите – Поглед на долина која е големо живеалиште на гулабите.
Посета на фабрика за накит (производство на сребро и злато) и накит од прочуениот камен Султанит. Единствена можност да купите реплика (сребрена или златна) на прстен кој што Султан Сулејман Величанствениот го направил за Хурем Султан.
Потоа го посетуваме подземниот град Кајмакли, издлабен во вулкански камен во 7 век п.н.е, еден од најголемите и најдобро сочувани подземни градови на Кападокија, откриени се 7 ката под земјата. Истиот е поврзан со подземниот град Деринкују со подземен тунел долг 9 км….
Продолжуваме кон долината Ихлара, долга 16 км, која од двете страни е опколена со цркви во карпите. Пријатна прошетка по дел од долината (3,5 км), по течението на реката Мелендез, со пауза на пола пат за освежување во традиционална чајџилница на самата река. Можност да ја пробате највкусната Турска палачинка – Ѓозлеме, турско кафе, чај или сок од калинка, разладувајќи ги нозете во реката. Потоа одиме на Ручек во Анадолското село Белисирма покрај самата река…
По ручекот продолжуваме кон Манастирот Селиме, најголемиот и најмоќниот религиозен објект во Кападокија, издлабен во карпите во 8 или 9 век од христијанските монаси. Историските записи велат дека за изградба на овој манастир-црква со димензии на катедрала, биле потребни 200 години. Враќање во хотел.
СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА: Предлагаме особено возбудлив излет: “СРЦЕТО НА КАПАДОКИЈА”- Одиме буквално во Срцето на Кападокија. Прошетката започнува со посета на “Ѓореме музејот на отворено”– огромен манастирски комплекс, познат по фреските од 10-12 ти век, на кои е опишан животот на монасите и Исус Христос. Сите цркви во Ѓореме датираат од 9 век, импозантни цркви вдлабени во карпите, со преубави фрески со бои кои до денес ја задржале својата свежина. Комплексот е под заштита на УНЕСКО од 1984 год.
Потоа се упатуваме кон старото место Аванос каде посетуваме традиционална работилница за грнчарство и можност да купите рачно изработени сувенири. Ручек во локален ресторан.
После ручекот следат посети и разгледувања на најубавите долини:
Дервент – долината на имагинации, преполна со природни камени форми со ликови на животни, фасцинантни облици од камен, варовник и туф, наречени “Волшебни Самовилини оџаци”.
Зелве – долина, музеј на отворено, каде старите народи живееле до 1952 г.
Пашаба – или долина на Пашата со најубаво зачувани „ Самовилини оџаци„. Дури и Полициската станица е сместена во еден од „самовилините оџаци„. Најмногу фотографирано место во Кападокија, вистинска разгледница на Кападокија. Прошетка над, помеѓу и низ „самовилините оџаци„.
МИСТИЧНА КАПАДОКИЈА: Во водиме во едно возбудливо минато, со траги и остатоци од многу цивилизации и запознавање со првите приказни за Кападокија.
* Долината на „Трите Убавици„ Почнуваме со посета на долината каде ќе ја слушнеме тажната легенда за “ Трите убавици”.
* Ургуп .Патуваме кон најголемото место во Кападокија, со траги од стари Грчки, Римски и Селџуцки куќи.
* Мустафапаша.Посета на некогашна Грчка населба Синасос, едно од најбогатите места во минатото. Место каде живее веќе трета генерација на жители кои се дојдени од Османлиска Егејска Македонија 1923/4 г. но сеуште го говорат автентичниот стар Македонски јазик со познатиот дијалект од Егејска Македонија. Со задоволство ќе Ви покажеме CAVE хотел, сопственост на Госпоѓа Суреја, која зборува Македонски јазик со Егејски дијалект. Вистинско време за едно вистинско турско кафе или турски чај.
Ќе ја видиме и црквата Константин и Елена, во центарот на Мустафапаша.
*Посета на фамилијарна работилница и продавница за слатки и сушени овошни плодови.
* Ортахисар.Излетот го завршуваме во Ортахисар – “средишна тврдина” во превод, или како жителите ја нарекуваат “Највисокиот Самовилин оџак во Кападокија. Висок 90 м. и служел како засолниште од напади за време на Византиското владеење. Типично старо Кападокиско место, со вклесани куќи во вулканските карпи. Од видиковецот над Ортахисар ќе имате пркрасен панорамски поглед на градот. Место каде се снимаат автентични ТВ серии. Ручек во локален ресторан.
Враќање во хотел. Слободно време за индивидуална прошетка низ Ѓореме.
ВОЛШЕБЕН ЗАЛЕЗ НА СОНЦЕТО : Препорачуваме 2 можности :
– “ATV SUNSET TOUR”: Во попладневните часови возбудливо, 2 часовно возење со ATV QUAD BIKES 4X4 покрај „самовилините оџаци, преку вулканските дини, покрај старото место Чаушин. Посета на Долината на љубовта и Црвената долина од каде ќе уживате во прекрасниот залез на сонцето. Незаборавна авантура. (Дозвола за управување не е потребна) или….
– “BUS SUNSET TOUR”: Одиме на прекрасен видиковец над Долина на Розите и Црвената долина: Овие две долини настанале поради ерозијата на планината Боздаг. Можност за прошетка по падините на вулкнското брдо уживајќи во најубавиот залез на сонцето од Црвената Долина.
За љубителите на авантури, можност за пешачење низ самата долина (4,5км) помеѓу самовилините оџаци, да се протнеме низ нив, уживаме во волшебниот пејсаж, додека сонцето полека заоѓа. Ќе ја посетиме и Црквата со Крстови од каде црвената долина е како на дланка.
Црквата на крстот (турски, Хаџли Клисе) во Црвената долина е пештерска црква со прекрасен камен крст на таванот и целосно насликана апсида. Црквата на крстот е една од најдобро сочувани цркви во Кападокија што треба да се посетат.
Архитектурата на Црквата Крст е со богато теолошко значење. Спектакуларна фреска со Исус Пантократор во апсидата и огромниот крст врежан во таванот се смета дека датираат од 7в. Локацијата на крстот над главата укажува на суверената моќ на Бога што го штити својот народ одозгора. Апсидната слика (Христос во слава) ја носи истата теолошка порака – Исус на својот престол владее со светот и го благословува својот народ. Исус седи на својот небесен престол како владетел на светот, опкружен со ангели и светци кои го фалат. Архангелите Михаил и Габриел стојат однадвор. Во империјална облека, тие се појавуваат како војници на должност.
ТУРСКА ВЕЧЕР : Во вечерните часови одиме на Турска вечер со традиционални игри и стомачен танц, во автентичен, пештерски амбиент од Кападокија како од времето на Хититите, старите жители на Кападокија. Богатото шоу го следиме со типично турско мезе, вкусна вечера по ваш избор и неограничена дегустација на домашни пијалоци: вино, турска ракија, водка, пиво, сокови.
ТАНЦ НА ДЕРВИШИТЕ: По вечерата можност да присуствувате на религиозна церемонија на танцот на Дервишите проследен со ориентална музика на Дервишите, во автентичен амбиент на SARIHAN Керван Сарајот од 1259 година, сместен покрај некогашниот пат на свилата.
ЈАВАЊЕ НА КОЊИ: Едночасовно јавање на прочуените убави коњи во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци. Во зависност од вашата вештина на јавање, се одредуваат и патеките по кои се јава.
ЈАВАЊЕ НА КАМИЛИ: Едночасовно јавање на камили во придружба на искусен водич. Јавање низ долините на Кападокија, покрај самовилините оџаци. Во зависност од вашата вештина на јавање, се одредуваат и патеките по кои се јава.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ:
КАПАДОКИЈА MAРТ 2023 | Хотели во ГОРЕМЕ– КАПАДОКИЈА | ||||
Дата | Дена/ноќи | TOURIST 4* | OSMANBEY CAVE | KAYA 4* | |
08 – 12 Mарт 2023 | 5 / 4 | 349* / 399 | 379*/429 | 429*/479 | |
15 – 19 Mart 2023 | 5 / 4 | 369* / 419 | 399*/449 | 479*/529 | |
24 – 28 Mart 2023 | 5 / 4 | 359* / 409 | 389*/439 | 469*/519 | |
28 – 01 Aприл 2023 | 5 / 4 | 339* / 389 | 369*/419 | 419*/469 |
- Цената со (*) важи за уплата до 20.Јануари 2023
- Доплата за еднокреветна соба во хотел Турист: 7.450 ден.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА :
- Авионски превоз со PEGASUS AIRLINESСкопје-Кајсери-Скопје
- Аеродромски такси
- 4 Ноќевања со појадок во хотел по ваш избор, според табелата,во најубавото туристичко место Гореме, во срцето на Кападокија.
- Трансфери од аеродром Кајсери до хотел и назад
- Рачен (1) багаж максимални димензии: 55х40х20 см.
- Услуги на локалната агенција,
- Организација на патувањето,
- Туристички пратител на патувањето (за групи над 10 лица)
- Индивидуалните патници ги пречекува нашиот партнер од Кападокија а излетите се на Англиски јазик.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
- Задолжително патничко осигурување 250 мкд,
- Туристичка такса 2 € по лице од ноќ. (се плаќа во агенција, во денарска противредност)
- Чекиран багаж до 20 кг: 40€ (резервација и плаќање исклучиво при пријавување)
- Не спомнати услуги.
- Email
info@meriontravel.com.mk - Phone
+389 77 608 888 - Address
Ул.Димитар Влахов бр.52 1300 Куманово