Вила “EFI” – Паралија

Вила “EFI” е лоцирана на одлична локација во центар на Парлиа на само 20m од прекрасната песочна плажа и 100m од црквата. Располага со следната структура на студија: 1/2 (еден брачен), 1/3 (еден брачен и еден единечен); 1/3+1 (еден брачен, еден единечен и фотеља на спуштање). Секое студио е комплетно опремено со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла + аспиратор, фрижидер..), тоалет (туш кабина, фен), балкон (масичка со столчиња) клима, ТВ, гардеробер. Некои од студијата имаат поглед кон море. Вилата располага со ЛИФТ и е со одличен квалитет на сместување.Wi-Fi интернет – Бесплатен.

  • Цените се дадени по лице за 7 ноќи/8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице БЕСПЛАТНО сместување;
  •  Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цело студио без вклучен превоз;
  • Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
  •  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
  •  Во студио плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз;
  •  Во студио, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 7 години – БЕСПЛАТНО;
  • –  Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00, а се добиваат околу 14:00 часот (локално време);
  •  Хигиената си ја одржувате сами за време на престојот;  Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
  • Автобусот ги остава/зема патниците на околу 100m од вилата.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *