+389 77 608 888 info@meriontravel.com.mk

Вила Елени – Остров Амулиани

АМУЛИЈАНИ
На само 10 минути возење со траект од пристаништето Трипити ќе пристиганете до прекрасниот Божествен остров – рајот на Халкидики – островот Амулијани. Со површина од само 4,5 км2 и со околу 600 жители, прекразна тиркизна вода, ситен песок, маслинови и борови насади, повелете да уживате. Ценатарот на островот изобилува со многу ресторани со свежа и вкусна риба, гиро,кафетерии, продавници -супермаркети, слаткарници, бутици, сувенирници и занимливости за најмалите-рента кар услуги. На источната страна на островот се наоѓа градот Амулиани. Од тука можете да ги посетите и да уживате на непосредните плажи, но незаборавајте да ги посетите и плажиите: Мегали амос, Св.Ѓорги, Вавос, Елефант бич – источна страна, на запаната и северозападната страна Фака, Карагација, Аликес бич и уште неколку други Божествени убавини.

Вилата “ЕЛЕНИ“лоцирана е во центарот на градот Амулиани. Убаво опремена вила. Секоја соба има кујна комплетно опремена со кујнски инвентар, мал фрижидер со комора и плотна со 2 рингли. Секоја соба има стандардно купатило и вц. Секоја соба има клима уред и тв.Вилата има и безжичен интернет, паркинг јавен кој функционира на принципот прво слободно место.

ЦЕНИТЕ ЗА ДАДЕНИТЕ СМЕНИ СЕ ОДНЕСУВААТ ЗА НАЕМ НА СТУДИО ЗА 7 НОЌИ

КОРИСТЕЊЕТО НА КЛИМА УРЕДОТ, WI-FI  Е БЕСПЛАТНО

Цените во табелата се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања без превоз
ТерминНоќевања1/3 Студио
29.05.20267239
05.06.20267249
12.06.20267329
19.06.20267399
26.06.20267479
03.07.20267509
10.07.20267559
17.07.20267599
24.07.20267599
31.08.20267599
07.08.20267599
14.08.20267599
21.08.20267569
28.08.20267489
04.09.20267399
11.09.20267329
18.09.20267269
Во студио дозволено е сместување согласно предвидениот капацитет, преку дозволениот број со претходно одобрување и доплата од 10 евра од ноќ, може да се смести максимум + едно дете (6 години) во кревет со родител.
ИНФО ЗА ПРЕСТОЈОТ

СПРОТИ ВИЛАТА ИМА ПАРКИНГ И ГОСТИТЕ ГО КОРИСТАТ НА ПРИНЦИП ПРВО СЛОБОДНО МЕСТО

Високо приземје:
Студио бр.6 1/3 (3 лица)
Студиото се наоѓа на високо приземје.Има еден дупол кревет комотен за спиење на 2 лица и еден поединечен кревет комотен за спиење на 1 лице.Има плакар за алишта .Кујната е опремена со аспиратор, вградена плотна со две рингли,мал фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар.Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред.Има сопствено купатило и ВЦ. Студиото излегува на мала тераса и двор со маса и столици.
Студио бр.7 1/3 (3 лица)
Студиото се наоѓа на високо приземје.Има еден дупол кревет комотен за спиење на 2 лица и еден поединечен кревет комотен за спиење на 1 лице.Кујната е опремена со аспиратор, вградена плотна со две рингли,мал фрижидер со комора и комлетен кујнски инвентар.Во кујната има маса за ручавање, ТВ и клима уред.Има сопствено купатило и ВЦ. Студиото излегува на мала тераса и двор со маса и столици.

СТУДИЈАТА: ИМААТ КРПИ И ТОАЛЕТНА ХАРТИЈА И САПУН!

НАПОМЕНИ

– Патниците минимум 48 часа пред патување да се информираат за часот и местото на поаѓање;
– Превозот застанува до најблиската локација од сместувачкиот капацитет, каде што е возможно да се застане;
– Цените се дадени во евра, а уплатата е исклучиво во денарска противвредност ( 1€ = 62 ден. );
– За уплати на два аранжмани 7+7 ноќевања одобруваме 10% попуст на втората смена;
– Кога има акциски попуст, или кога едната смена е со звездичка на втората смена НЕ се одобрува дополнителен попуст;
– За важечка резервација се смета само со уплата на 30% од целосната вредност на аранжманот;
– Целосна доплата на аранжманот е дваесет и еден ден (21 ) пред поаѓање;
– Во случај на веќе уплатени аранжмани со попусти и рани запишувања средствата не се враќаат; доколку патникот се откаже од патувањето, исклучок се прави (поврат на средства )само доколку сам си најде замена за веќе резервираната соба;
– Во случај на промена на цените ( зголемување или намалување ) со објавување на нов ценовник нема да се менува цената на веќе договорените услуги;
– Во случај на отказ на аранжманот од страна на патникот важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ НА ПАТУВАЊЕ;
– Може да се направи осигурување од ризик – отказ на аранжман во осигурителна компанија;
– Во случај на направена поголема штета во СТУДИЈАТА, сопственикот на вилата има право да наплати на лице место за направената штета, или по враќањето агенцијата ќе побара наплата од патникот за штета;
– Агенцијата НЕМА одговорност за квалитетот и брзината на интернет конекцијата;
– Туристичка такса се плаќа во АГЕНЦИЈА 2€ од ноќ за студијата и апартманите ( доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на грчките власти, цената ќе биде променета ).

ПРЕВОЗ

ДОПЛАТА ЗА ПРЕВОЗ :                                                                                     ДОПЛАТА ЗА БРОДСКА КАРТА:
50€ за возрасни – повратна карта;                                                            10€ за возрасни – повратна карта
35 € за деца до 12 години – повратна карта;                                           7 € за дете од 02 – 12 години – повратна карта
35 € за возрасни или деца – карта во еден правец;
20 € за прв ред на седиште;
10 € за бирање на седиште во превозно средство освен прв ред на седишта;
* Деца до 1,99 години бесплатно – не користи седиште *

Leave a Reply